Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус смета дека „Златната топка“ која заврши во рацете на Лионел Меси требало да ја добие Ерлинг Халанд.
Матеус во 1990 година и самиот ја освои оваа награда, а со вчерашниот избор не беше задоволен. Тој смета дека Халанд едноставно најмногу заслужил.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Норвежанецот со Манчестер Сити освои се што можеше да се освои и беше предводник на нападот на „граѓаните“, додека Меси до наградата стигна поради одличниот месец во Катар и освоениот Мундијал со Аргентина.
„Халанд во текот на целата година беше подобар од Меси. Меси не заслужи да ја добие и покажува дека кога има Светско првенство е само тоа важно, друго ништо. Според мене ниту еден фудбалер не беше подобар од Халанд во последните 12 месеци.
Освои важни трофеи со Манчестер Сити, рушеше рекорди по бројот на голови…Оваа награда е чиста фарса, аико морам да кажам дека секогаш се сметав себеси за фан на Меси“, заклучи легендата на германскиот фудбал.
Првата „Златна топка“ Меси ја освои во 2009 година, а вчерашната беше негова осма во кариерата. Кристијано Роналдо остана зад него со пет.