Дома Македонски спорт Мак ракомет Златко Мојсоски го продолжи договорот со Бутел

Златко Мојсоски го продолжи договорот со Бутел

Златко Мојсоски и следната сезона ќе го носи дресот на Бутел.

39 годишниот крило стави потпис на продолжување на соработката и за него тоа ќе биде четврта сезона во тимот на Бутел. Мојсоски е еден од најдобрите стрелци во екипата и изрази задоволство за потпишувањето на договорот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Задоволен сум што го продолжив договорот со Бутел. Во следната сезона ќе имаме респектабилен тим и со нетрпение го чекам стартот, се надевам дека ќе бидеме подобри од претходните две сезони“, изјави Мојсоски.

Ќе потсетиме. Бутел ја чека одлуката на ЕХФ да биде на местото на Металург во Европската лига, откако тимот од Автокоманда одлучи сезонава да се натпреварува само дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…