Дома Македонски спорт Мак ракомет Златко Даскаловски е нов играч Голден Арт КЛ7

Златко Даскаловски е нов играч Голден Арт КЛ7

Поранешниот репрезентативен голман и спортист со големо интернационално искуство е нов член на Голден Арт КЛ7.

Помошник на тренерот Матлиески, тренер на голманите во клубот и поддршка на истите на голот ќе бидат задачите на Златко Даскалоски на неговиот нов предизвик во кариерата, во нашиот клуб. Голманот на националниот тим, кој беше дел од нашите најдобри ракометари на две големи натпреварувања и човек со над десет годишно интернационално искуство во Франција и Романија, како и седумгодишен стаж на голот на скопски Вардар ќе биде од голема важност за развој за клубот кој од 2019 година е партиципиент во сениорскиот ракомет во Македонија.Негова примарна задача ќе биде да работи со голманите на сите наши селекции, почнувајќи од првиот тим и најмладите.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Паралелно ќе му помага на главниот тренер каде ќе го “пече” тренерскиот занает но и ќе биде на голот секогаш кога е потребно.”Чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од еден проект како Голден Арт КЛ7, насочен кон развој и создавање на млади играчи и млад стручен кадар. Ова ќе биде еден нов, малку поинаков предизвик за мене како играч со големо интернационално искуство и се надевам дека со се што сум научил, целото ракометно и животно искуство ќе придонесам за развој на младите голмани и играчи во клубот.Воедно ќе бидам голема поддршка на шефот на стручниот штаб Матлиески , човек и тренер од кој можам многу да научам за мојот следен предизвик во струката во која се гледам следните години. Благодарам на клубот за понудата и концептот, за кој сметам дека, во моментов е идеален за периодот на играчка кариера во која се наоѓам” – изјави искусниот чувар на мрежата Златко Даскалоски.

Со свој коментар околу последните засилувања и планови на клубот, спортскиот директор на клубот, Милчо Чакарески изјави:

“Голден Арт КЛ7 со последните неколку потези покажа дека останува на линија на ангажирање македонски ракометари, во случајот искусни играчи, кои, треба да бидат поддршка за младите Ѓорговски, Симоноски, Димовски, Илиески, Стојковиќ и останатите, и да се стават во функција на развој на истите. Покрај нивните ангажмани како искусни играчи, многу поважно за нас како колектив е нивната тренерска едукација во насока на создавање на “струка” која е крајно дефицитарна, струка која ќе биде сигурна, желна за докажување и напредок”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер го потврди трансферот на поранешниот вардарец!

Ростерот за сезоната 2024/24 на Еурофарм Пелистер ќе биде побогат за поранешниот вардарец,…