Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски стигна до нов златен медал, откако беше најдобар на Г1 Тирана Опен во Албанија.
Георгиевски стигна до првото место со две доминантни победи над Александар Филипов од Израел (2:0) и во финалето против Ел Омар од Франција (2:1).
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Со овој медал Георгиевски уште еднаш потврди дека и оваа година е во одлична форма. Претходно, го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска.
„Силен чекор напрад кон нова блескава историја за македонскиот спорт, ЛОИ во Париз 2024“, стои во објавата на Теквондо федерацијата на Македонија.