Хаким Зијех не е задоволен од својот статус во Челзи и ќе побара трансфер во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.




Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Таквата ситуација сакаат да ја искористи италијанскиот гигант Милан, кој покажа интерес за плејмејкерот и во летниот преоден рок.




27-годишниот плејмејкер е голема желба на „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.




Зијех сака да има поголема минутажа и во јануари ќе побара трансфер од раководството на Челзи.