Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Македонската репрезентација со пораз го започна Европското првенство во Букурешт, а следен предизвик е селекцијата на Украина со која ќе играме во недела од 15:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Украинците сметаат дека натпреварот со Македонија ќе им биде од клучно значење за пласманот во следната фаза. За Зинчеко победата е императив.
„Против Холандија направивме многу грешки и тоа не чинеше победа. Сепак продолжуваме понатаму. Мора да бидеме спремни за следниот натпревар. Сите знаат дека ако сакаме да ја поминеме групата мора да освоиме три бода со Македонија“, изјави Зинчеко.
Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра во четврток од 15:00 часот.