Шпанските медиуми веќе со денови пишуваат дека Реал ќе направи големи промени во играчкиот кадар по крајот на оваа сезона и секојдневно се пишува за новите засилувања на клубот.
Сепак, сигурно ќе има и многу заминувања ова лето од Бернабеу, но се уште не е познато кои се играчите од кои Зизу ќе се откаже.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Л’екип објави дека Реал Мадрид на лето може да го напушти Рафаел Варан, кој во првиот мандат со Зидан беше еден од клучните во одбраната.
Наводно, францускиот дефанзивец им порачал на челниците на клубот дека сака да го напушти Бернабеу на крајот на сезоната, што за нив е апсолутно неочекувана одлука на фудбалерот.
Се уште не е познато од кои причини Варан сака да замине, а Л’екип открива дека наводно сакал нов предизвик во кариерата. Варан во Реал Мадрид стигна пред осум години од Ленс и беше апсолутно непознат во светот на фудбалот.
До сега во дресот на кралскиот клуб одигра 268 натпревари и освои дури 16 трофеи. Него би требало да го замени Едер Милитао кој летоска пристигнува на Бернабеу од Порто. Овој трансфер е веќе договорен и објавен, а Кралевите ќе ги чини 50 милиони евра.