Дома Фудбал Зидан: Фудбалот е мистерија!

Зидан: Фудбалот е мистерија!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема причина за задоволство откако неговиот тим синоќа загуби од Еспањол со 1:0 во рамките на шпанската Ла Лига.

После низата добри резултати, Реал Мадрид синоќа запиша потполно неочекуван пораз поради кој Зидан беше видно разочаран.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој после натпреварот рече дека фудбалот понекогаш знае да биде вистинска мистерија.

„Што ни недостасуваше? Скоро се. Го започнавме првото полувреме доста добро и имавме шанси, но не успеавме да ги реализираме. Не ја игравме нашата игра во второто полувреме. Фудбалот може да биде мистерија. Мора да ги прифатите лошите моменти. После пет добри резултати и добри игри, не смеевме да го дозволиме ова. Не го заслуживме овој пораз, навистина боли.“ – изјави Зидан по натпреварот.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне го понижи Јамал пред сите: Toa што го направи по третиот гол ја остави Барселона вчудовидена (Видео)

Атлетико Мадрид ја прегази Барселона во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп.…