Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид и тоа е главна вест во сите светски медиуми во овој момент!
Само пет дена откако ја освои третата титула во низа шампион на Европа со Реал Мадрид, Зинедин Зидан изненадувачки го напушти Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Французинот во Реал Мадрид прстигна во 2016 година кога го наследи Рафа Бенитез.
„Ова е вистински момент за сите. Можеби ви изгледа чудно, но вака е најдобро. Екипата ќе продолжи да победува и без мене, потребна беше промена, поинаков метод на работа. Секогаш ќе бидам благодарен на Реал Мадрид што ми ја даде оваа шанса“.
„Нема да тренирам друг клуб тоа сакам да го знаете, барем не засега. Зборував и со Рамос ми кажа дека ја почитува мојата одлука. Од друга страна јас му кажав дека навистина многу значи на овој клуб и дека ми беше задоволство да работам со него“, изјави Зидан.