Дома Фудбал Зидан порача: Тој не смее да си замине од Реал Мадрид!

Зидан порача: Тој не смее да си замине од Реал Мадрид!

Зинедин Зидан по враќањето на клупата на Реал Мадрид воведе навистина значајни промени, а една од промените се однесува на останувањето на главните ѕвезди во Мадрид.

Една од ѕвездите која беше на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“ секако беше Марсело. Бразилецот во времето на Солари го загуби првотимскиот статус и ја грееше клупата, нешто што раководството на Јувентус сакаше да го искористи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


https://youtu.be/t0ugnSVQsXE

Зидан по неговото враќање на клупата јасно даде до знаење дека смета на искусните играчи со кои ги градеше успесите минатите години.

Па така Французинот му порачал на раководството на „кралскиот“ клуб дека Марсело не смее да биде продаден по никоја цена на лето бидејќи е еден од најдобрите играчи во светот на таа позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…