Дома Фудбал Останато Зидан одлуката на фудбалерите им ја соопштил преку – „WhatsApp“, откриена и пораката

Зидан одлуката на фудбалерите им ја соопштил преку – „WhatsApp“, откриена и пораката

Зинедин Зидан го шокираше фудбалскиот свет со одлуката да го напушти Реал Мадрид и тоа само пет дена откако со клубот стигна до третата титула во низа во Лигата на шампионите.

Од одлуката на Зидан беа изненадени сите, вест која како бомба одекна во медиумите ја соопшти Французинот на итната прес-конференција која ја повика Флорентино Перез пред два дена.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Французинот тогаш истакна дека заминува бидејќи на клубот му се потребни промени доколку сака да продолжи да победува.

Сега, медиумот кој прв ја пласираше веста за оставката на Зидна „Кадена КОП“, oткрива како Зидан им ја соопштил одлуката на своите фудбалери.

Имено, популарниот Зизу тоа го направил преку социјалната мрежа „WhatsApp“.

„Навистина ви благодарам. Без вас и вашата поддршка во моментите кога беше најтешко ништо од сето ова не би било возможно. Ќе се видиме наскоро, голема прергатка до сите вас“, гласела пораката на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…