Дома Фудбал Останато Зидан: Никогаш нема да бидам Фергусон за Реал Мадрид

Зидан: Никогаш нема да бидам Фергусон за Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговори на сугестиите дека неговиот статус во клубот може да биде како оној на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед.

Синоќа Реал Мадрид со победата над Мехенгладбах се пласира во осминафиналето од Лигата на шампиони и тоа како првопласиран во Групата Б.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Новинарите направија паралела на неговото водење на „кралскиот“ клуб со она на Фергусон во Манчестер Јунајтед.

„Никогаш нема да бидам Фергусон за Реал Мадрид, тоа е сигурно. Уживам во тоа што го работам, а не знам колку долго ќе бидам тука. Среќен сум што имам можност да работам и ми се допаѓа тука. Тоа е живот, а јас сум во Мадрид веќе долго време и не планирам наскоро да заминам“, истакна Зидан.

Зидан беше на чело на Реал Мадрид од 2016-2018 година пред да се врати на тренерската позиција во 2019 година. Под водство на Французинот, тимот двапати стана шампион на Шпанија, а исто така трипати ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА и Светскиот клупски куп двапати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…