Лука Јовиќ договори трансфер во Ајнтрахт Франкфурт.
Потврда за трансферот стигна вчера од раководството на германскиот тим, а денеска Зинедин Зидан шокираше со својата изјава за српскиот напаѓач.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тренерот на Реал Мадрид тврди дека на него никој ништо не му кажал за заминувањето на Јовиќ.
„Лука Јовиќ е се уште тука. Не е во тимот поради повреда и никој ништо друго не ми кажал. Ќе видиме што ќе се случи.“ – изјави Зидан и додаде:
„Јовиќ е стрелец и тоа од него го сакаме. Немаше среќа, треба да се адаптира и не е воопшто лесно. Мора уште многу да учи, неговото време ќе дојде. Се работи за квалитетен играч.“
Реал Мадрид утре го игра полуфиналниот натпревар од Суперкупот против Атлетик Билбао.