Tимот на Реал Мадрид вчера вечерта славеше во првенството против екипата на Гетафе со резултат 2:0.
После натпреварот тренерот Зинедин Зидан беше задоволен од начинот на кој неговите играчи ја прифатиле формацијата која во претходните натпревари не ја користеа често. Стрелци за Реал беа Карим Бензема и Ферлан Менди во 60. и 66. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Задоволен сум од резултатот и играта, посебно земајќи ги предвид повредите кои ги имавме. Одигравме добар натпревар со малку поинаква формација, а се на крајот испадна добро и мило ми е поради играчите“.
„Не се спреавме за 3-4-3. Разговаравме пред мечот како ќе се организираме и сите разбраа се што треба многу добро. Добро е кога ќе се обидете со формација со која не играте често и се ќе помине добро. До крајот на првенството имаме уште 48 бодови. Ќе се бориме до крај, мислам дека нашите навивачи веруваат дека ќе ја освоиме титулата“, изјави Зидан.