Дома Фудбал Зидан: Критиките се заслужени, особено кон мене

Зидан: Критиките се заслужени, особено кон мене

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја презеде одговорноста за поразот од Кадис во Примера.

„Критиките треба да не направат посилни. Нормално е да има критики. Единственото што можеме да го направиме е да работиме посилно. Ги заслуживме критиките, особено јас“, изјави Зидан пред утрешниот меч со Шахтјор во Лигата на шампиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Зидан потоа беше прашан дали Реал Мадрид е фаворит во Лигата на шампиони.

„Ние знаеме кои сме и колку вредиме. Важно е да бидеме добро подготвени, бидејќи многу тимови сакаат да ја освојат Лигата на шампиони. Ќе се обидеме да ја освоиме, но со сигурност ќе има и тешки моменти“, заклучи Зизу

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …