Дома Фудбал Зидан: Критиките не ме интересираат!

Зидан: Критиките не ме интересираат!

Наместо да одговорат на силните критики со убедлива победа, фудбалерите на Реал Мадрид одиграа реми (2:2) на „Сантиаго Бернабеу“ против второлигашот Нумансија.

И покрај слабата игра и лошите резултати, тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан е спокоен и тврди дека не му пречат критиките.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Најважно е што продолжуваме во следниот круг. Не одигравме лош натпревар, но тоа важи и за нашиот противник кој не се предаде. Ова е уште еден меч во кој не победуваме дома? Тоа не ме загрижува. Треба да останеме во позитивно раположение и да продолжиме со работа. Две-три победи ќе ни ја вратат самодовербата“, истакна Зидан.

„Јас и мојот штаб продолжуваме да си ја вршиме работата, а критиките нема да ме спречат да правам тоа. Едноставно не ме интересираат“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова момче е најголемата ѕвезда на СП за клубови: Велат дека е новиот Пеле и Меси, сите зборуваат за неговиот гол

Светското клупско првенство навлегува во завршницата, остануваат само неколку натпревари з…