Зинедин Зидан го одведе Реал Мадрид до уште една победа во Лигата на шампионите.
„Кралевите“ во првиот натпревар од четвртфиналето го победија Ливерпул со 3:1 и дојдоа блиску до ново полуфинале.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Француската легенда веќе некое време се поврзува со Јувентус, а после натпреварот со Ливерпул Зидан доби и прашања на таа тема.
Помеѓу оние кои го прашуваа беше и неговиот поранешен соиграч Алесандро Дел Пиеро. Дел Пиеро го праша Зидан дали му недостасува Италија.
„Италија ми е во срцето. Поминав пет години во Торино и Јувентус за мене е многу важен“, изјави Зидан за „Скај“ и продолжи:
„Иднина во Јувентус? Засега сум тука, но ќе видиме што ќе се случи“, одговори Зидан.
Зидан дресот на Јувентус го носеше од 1996 до 2001 година кога премина во Реал. За „старата дама“ одигра 214 натпревари, постигна 31 гол и освои шест трофеи.