Дома Фудбал Зидан за враќањето на Азар: Не сакаме да направиме некоја глупост

Зидан за враќањето на Азар: Не сакаме да направиме некоја глупост

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан нема да може да смета на Еден Азар ниту за претстојниот натпревар во Ла Лига.

Реал утре во 21:00 часот ќе гостува кај Еибар, а Зидан пред овој натпревар порача дека нема да ризикува со враќањето на Белгиецот на теренот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не сакаме да направиме глупост и да побрзаме да се врати па повторно да се повреди. Се надеваме дека ќе заигра наскоро затоа што скоро и да се опорави. Ќе биде со тимот, во овој момент не можам да кажам точно кога“.

Можно е поранешниот играч на Челзи да биде спремен за настап веќе во наредната среда за новиот предизвик во првенството и дуелот со Гранада.

Азар го повреди бутниот мускул на 28. ноември на мечот со Алавес.

Освен Азар, Зидан за мечот со Еибар нема да може да смета на Винисиус Жуниор кој има проблем со гастроентеритис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул веќе ја составува екипата за одбрана на титулата

Ливерпул е на прагот да стане првак на Англија. На „Енфилд“ веќе размислуваат за засилувањ…