Дома Фудбал Зидан го пронајде „виновникот“ за поразот

Зидан го пронајде „виновникот“ за поразот

Реал Мадрид беше срушен на домашен терен од Бетис во судиското продолжение, а тренерот на овој клуб Зинедин Зидан ја „обвинува“ лошата среќа за поразот во овој натпревар.

Ниту Роналдо во нападот, ниту 22 удари кон голот на Антонио Адан не беа доволни да паднат зелено-белите, Зидан за поразот ја „обвини“ лошата среќа, но и призна дека во овој момент атмосферата во соблекувалната не е на потребното ниво.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Расположението во соблекувалната? Лошо е, но тоа е фудбалот и такви работи се случуваат кога топката не сака да влезе во мрежата. Не игравме добро, но не бевме ниту лоши. Создававме шанси, но недостасуваше реализација. Мораме да останеме мирни и да играме со мислата дека сезоната сеуште не е изгубена, ние сме на самиот почеток“, изјави Зидан и продолжи.

Францускиот стручњак потоа зборуваше за формата на неговиот тим на стартот од сезоната.

„Не одигравме добро на последните три натпревари на домашен терен. Искрено, не очекував ваков старт, но што е тука е, мораме да продолжиме понатаму. Работите можеме да ги промениме на следните натпревари, а тоа ќе го направиме само со напорна работа, ќе дадеме се од себе за да им се вратиме на победите“, заврши тренерот на „кралевите“ кој неодамна го продолжи договорот со шпанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Марија ги одбра петте најважни аргентински фудбалери во историјата, еден од нив ги изненади сите

Анхел Ди Марија е еден од најдобрите аргентински играчи на неговата генерација, а сега ги …