Дома Фудбал Зидан го водеше Реал на 202 натпревари, а дури 178 пати го менувал почетниот состав

Зидан го водеше Реал на 202 натпревари, а дури 178 пати го менувал почетниот состав

Зинедин Зидан ќе има шанса оваа сезона да ја заврши со трофеј, бидејќи Реал Мадрид има се во свои раце што се однесува во борбата за титулата во Ла Лига.

Откако се врати на клупата на Кралевите, на Зизу не му оди според очекуваното, а после лошата претходна сезона во оваа навивачите очекуваат да дојдат барем до титулата во Шпанија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред паузата поради коронавирусот на големо се шпекулираше дека Зидан може да добие отказ, но сега таа ситуација се промени. Францускиот стручњак добива најголеми критики затоа што често го менува почетниот состав, а тоа не му донесува предност како некогаш.

Марка денеска објави дека Зидан додека е на клупата на Кралевите користел дури 48 играчи во почетниот состав.

Зидан до сега како тренер Реал го предводеше на 202 натпревари, а дури 178 натпревари ги започнал со различен почетен состав. Тоа значи дека во претходните четири години Зидан само на 24 натпревари започнал со ист тим.

Тимот кој најмногу бил во почетниот состав се: Навас, Карвахал, Пепе, Рамос, Марсело, Касемиро, Крос, Модриќ, Бејл, Роналдо и Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака да го замени Исак со напаѓач за кој ПСЖ плати 80 милиони евра!

Ливерпул има намера да го обезбеди напаѓачот Гонзало Рамош од Пари Сен-Жермен на шестмесеч…