Дома Фудбал Зидан: Гвардиола е најдобариот тренер во светот

Зидан: Гвардиола е најдобариот тренер во светот

Стратегот на Реал Мадрид, Зинедин на Зидан на прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар на „кралевите“ против Атлетик Билбао го пофали својот колега Пеп Гвардиола.

Зидан и Гвардиола ќе се судрат во осминафиналето од Лигата на шампионите бидејќи ждрепката ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид. Францускиот стратег сега го пофали својот колега на спротивната страна и му го даде епитетот најдобар тренер во светот.

„Јас немам никакви дилеми, за мене најдобриот тренер во светот е Пеп Гвардиола. Убаво ќе биде што ќе се сретнеме после неколку сезони. До сега многу пати Гвардиола покажал дека е најдобар“, изјави Зидан.

Реал против Атлетик Билбао игра вечерва од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал трет во светот, но не и во хрватските топ 10: Објавени гласовите за „Златната топка“

Хрватскиот претставник му даде максимални 15 бода на Родри, а целосно го изостави Јамал. С…