Дома Фудбал Останато Зидан вчера еуфорично беше претставен, но што е со фармерките? (ФОТО)

Зидан вчера еуфорично беше претставен, но што е со фармерките? (ФОТО)

Францускиот стратег Зинедин Зидан од вчера повторно е тренер во на Реал Мадрид.

Така на „Сантијаго Бернабеу“ се врати човекот кој на Реал му донесе три титули во низа во Лигата на шампионите. Неговото враќање беше причина за голема еуфорија помеѓу навивачите на „кралевите“.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Зидан вчера се појави на конференција за медиумите заедно со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Среќен сум што се вратив дома. Започнуваме со работа уште од утре. Перез ми се јави и веднаш го прифатив повикот. Не бев тука овој период, но се чуствувам како никогаш да не сум заминал. „Кога имате успех нормално е да бидете подржуван и сакан. Додека гледав од страна воопшто не бев среќен. Едноставно не можев да му кажам „не“ на Перез. Роналдо е минато и не треба да мислиме на негo“, изјави Зидан помеѓу другото на претставувањето.

Освен со неговите зборови Зидан на конференцијата го привлече вниманието и со својот стајлинг.

Зизу изгледаше како тинејџер во интересна комбинација на фармерки и сако, па поради неговиот таков стајлинг на социјалните мрежи можеа да се пронајдат интересни коментари.

Досега навикнавме на вакви работи од фудбалерите, но не и од тренерите.

Како на вас ви изгледа ваквиот стајлинг на Зидан?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …