Реал Мадрид синоќа одигра реми против Осасуна, но условите за игра на „Памплона“ беа исклучително тешки.
Проблем за фудбалерите на двата тима беше смрзнатиот терен и неможноста да се одигра нормален меч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа го налути Зинедин Зидан кој беше бесен по завршувањето на натпреварот и истакна дека мечот требало да биде прекинат.
„Го направивме тоа што можевме на теренот, но тоа не беше фудбалски меч. Условите за игра беа ужасни. Работите што се случија последните два дена беа компликувани и не знаеме како и кога ќе се вратиме во Мадрид“.
„Очигледно, мечот требаше да биде одложен бидејќи немаше услови. Не сакам да критикувам, го правиме тоа што ќе ни го кажат. Ако можеме да се вратиме во Мадрид во понеделик, тогаш во среда имаме друг натпревар“, вели Зидан.