Дома Фудбал Зидан: Ако играчите ми го свртат грбот, ќе заминам веднаш!

Зидан: Ако играчите ми го свртат грбот, ќе заминам веднаш!

Во последно време многу се шпекулира со заминувањето на Зидан од клупата на Реал Мадрид, бидејќи клубот е во криза во каква не бил долго време.

Сега на таа тема се огласи и Зидан кој истакна дека играчите се уште не му го свртеле грбот и верува во нив.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Да, можеме да ја освоиме Лигата на шампиони, а овој тим не би го менувал дури и да можам. Исто така не би го сменил ни почетниот тим кој го изведов против Лиганес. Не жалам за ниту една одлука која сум ја донел“, изјави Зидан.

„Чувствувам полна поддршка од клубот и играчите. Штом ќе почувствувам дека моите зборови не допираат до играчите, само ќе си заминам“, заклучи Французинот.

Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања, заостанува 19 бода од лидерот во Примера, беше елиминиран од Купот, па му останува само уште Лигата на шампиони каде игра против ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска отпиша уште еден фудбалер, Арсенал е на потег

Нони Мадуеке по сите шпекулации најверојатно ќе биде уште еден играч што би можел да го на…