Дома Фудбал Италија Земан му одговори на Коларов: Фудбалот е измислен за да се зборува за него

Земан му одговори на Коларов: Фудбалот е измислен за да се зборува за него

Капитенот на репрезентацијата на Србија, Александар Коларов даде контроверзен коментар на критиките од страна на навивачите на Рома кои не се задоволни од резултатите и играта на нивниот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, Коларов без многу размислување порача дека навивачите мораат да сфатат дека не разбираат доволно фудбал за да можат да коментираат и да ги критикуваат фудбалерите.

„Навивачите мораат да бидат свесни дека тие не знаат толку многу за фудбалот. Тие ни испраќаат свирежи, а тоа е исто како јас да го критикуван Новак Ѓоковиќ. Јас тоа себеси никогаш не би си го дозволил? Сакам да гледам тенис и кошарка, но тоа се спортови кои не ги разбирам доволно и не можам да критикувам“, изјави Коларов.

Неговата изјава не беше прифатена во добар дел од италијанската јавност, а пристигна и првата реплика. Еден од оние кои не се согласуваат со Коларов е легендарниот тренер Зденек Земан кој во минатото беше тренер на Рома.

„Ако мене ме прашувате, ако луѓето престанат да зборуваат за фудбалот, тогаш тука ќе биде крајот на оваа игра. Фудбалот е измислен за да се зборува за него, да се следи и навивачите да дискутираат за сето тоа, без оглед на тоа дали се разбираат или не“, изјави Земан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луис Суарез сака да се врати во репрезентацијата на Уругвај

Повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историја…