Дилета Леота, убавицата која многумина ја сметаат за најзгодна водителка на светот, со секоја нејзина објава на социјалните мрежи го привлекува вниманието од нејзините обожаватели, особено оние од машката популација. А меѓу нив е и фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ.
Дилета со своите 6,7 милиони обожаватели на Инстаграм сподели фотка од тренинг на покривот од една зграда во Милано.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Завршен уште еден тренинг. Уживаме во заоѓањето на сонцето и релаксацијата“, додаде во описот таа.
Во морето од коментари кои ги доби, се најде и оној од Ибра.
„Што правиш на покривот, Дилета? Немој да забушаваш“, напиша Златан.
„Само следи ме“, му одговори таа.