Дома Фудбал Англија Збогувањето на Руни од националниот дрес нема да изгледа така како што беше најавено

Збогувањето на Руни од националниот дрес нема да изгледа така како што беше најавено

Фудбалерот Вејн Руни нема да биде капитен на Англија и нема да го носи дресот со број 10 во последниот натпревар за репрезентацијата, во дуелот против селекцијата на САД на лондонскиот „Вембли“, пренесуваат британските медиуми.

Поранешниот фудбалер на Евертон и Манчестер Јунајтед последен пат за репрезентацијата играше во ноември 2016. година во победата против Шкотска (3:0). Тој од репрезентацијата ќе се опроти на 15. ноември на „Вембли“, што ќе биде и хуманитарен натпревар, бидејќи сите приходи ќе одат во Фондацијата Вејн Руни.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Руни ќе го одигра 120. напревар за Англија, но нема да биде капитен, нема да го носи дресот со број 10 и ќе го започне натпреварот од клупа, односно кратко ќе биде на теренот, пренесува „Sky Sprot“. Тој е најдобрито стрелец на Англија со 53 гола и втор играч по бројот на настапи за националниот тим по голманот Питер Шилтон, кој одигра 125 натпревари.

„Играњето за Англија е најголема чест во мојата кариера, па 120. натпревар ќе биде последен натпревар и од голема важност за мене“ изјави Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Европски гигант подготви понуда за Санчо, Англичанецот има нова голема шанса!

Откако минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, на сите им е јасно дека Санчо ова …