Дома Македонски спорт За прв пат: Реал Мадрид ќе бара фудбалски таленти во Македонија

За прв пат: Реал Мадрид ќе бара фудбалски таленти во Македонија

real

Шпанскиот гигант Реал Мадрид во периодот од 11 до 15 јуни ќе има свој камп на кој ќе се бараат талентирани фудбалери од 7 до 17 години.

Во Скопје денес пристигна директорот на фондацијата, „Реал Мадрид Кампус“, Хоакин Сагес кој истакна дека кампот на Реал Мадрид е најдобар од сите кампови на фудбалските гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Горди сме што ќе имаме камп и во Македонија. Целта на Реал Мадрид е учесниците на овој камп да се стекнат со фудбалско знаење од лицата во нашиот клуб“, изјави Сагес.

Реал свои фудбалски кампови ќе има во повеќе од 50 држави во светот, на кампот можат да се пријавуваат момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години.

Сепак цената за учество на овој камп воопшто не е мала.

Доколку имате обезбедено свое сместување за вашето дете ќе треба да платите 18.990 денари или 26.990 денари доколку учесникот на кампот престојува во хотелот „Континентал“.

Повеќе информации и можност да се пријавите имате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…