Aнита Алварез, американската пливачка преживеа вистинска драма на Светското првенство во Будимпешта каде што за малку ќе се удаваше.




Животот и го спаси нејзината тренерка Андреа Фуентас. Алварез беше спасена со брзата реакција, па пливачката може нормално да се натпреварува и понатаму. Сега, неколку недели по инцидентот откри што се случило.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Херој е мојата тренерка, таа ме спаси. Тоа и го кажувам секој ден. Привилегија е да имате таков човек покрај вас. На настапот се сеќавам до моментот кога ја загубив свеста, до тогаш размислував дека го имам најдобриот настап во кариерата. Уживав и наеднаш почнав да се губам, после еден потег со раката почувствував дека не сум добро“, раскажа Алварез.



