Дома Фудбал Италија За Манџукиќ да остане во Милан треба да исполни еден услов

За Манџукиќ да остане во Милан треба да исполни еден услов

Искусниот хрватски напаѓач, Марио Манџукиќ не ги оправда очекувањата од доаѓањето во Милан и тешко е да се верува дека ќе остане на „Сан Сиро“ и во наредната сезона.

Меѓутоа шанси за такво нешто изгледа се уште постојат. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, договорот на Манџукиќ истекува на 30. јуни, а тој ќе остане во Милан само ако исполни услов од клазулата во договорот за продолжување.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Условот е Манџукиќ да постигне најмалку пет голови во преостанатите девет кола. До сега не постигна ниту еден бидејќи на теренот не е од половината на февруари и условот изгледа како тешко остварлив.

„Газета“ додава и дека на Манџукиќ после лошата епизода во Милан ако остане без клуб ќе му биде тешко да пронајде нов ангажман, тука се додава и дека Хрватот веќе има 35 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гринвуд игра во страшна форма, влезе во елитно друштво – им се придружи на Кејн, Халанд и Мбапе!

Мејсон Гринвуд игра сезоната од соништата. Англичанецот постигна нови два гола во победата…