Дома Фудбал Репрезентации За Ерменија останавме и без Елмас!

За Ерменија останавме и без Елмас!

Oна што се најавуваше вчера после натпреварот против Естонија денес доби и потврда. За Никозија на дуелот со Ерменија патуваме без Елиф Елмас.

Селекторот Игор Ангеловски вчера на прес-конференцијата по натпреварот изјави дека Елиф се пожалил на болки во мускулот. По деталните прегледи стана и јасно дека и без Елмас ќе бидеме во дуелот со Ерменците.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова е само уште еден удар и проблем за селекторот кој за овој дуел се соочува со огромни проблеми. Арјан Адеми, Горан Пандев и Столе Димитриевски беа ослободен уште пред дуелот со Естонија, а по него отпаднаа Бобан Николов и Спировски поради суспензии, Алиоски не го издржал тренингот пред тој дуел, Кире Ристевски не може да патува поради проблем со изолацијата, а без Барди останавме уште пред дуелот со Грузијците.

Ваквата ситуација значи дека Македонија против Ерменија ќе игра практично со втор состав. Ќе потсетиме од овој дуел ни е доволен и бод за да обезедиме прва позиција и промоција во ранг погоре, односно „Б“ лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дембеле во изненадувачки трансфер го напушта ПСЖ!?

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен и освојувач на Златната топка, Осман Дембелe, стана предмет на…