Дома Фудбал Англија За да ја добие титулата на Ливерпул му требаат уште 13 гласа

За да ја добие титулата на Ливерпул му требаат уште 13 гласа

Ливерпул има сезона за паметење во Премиер лигата и е на чекор после цели 30 години да ја врати титулата на „Енфилд“.

Меѓутоа, сега сезоната во Премиер лигата е во прекин поради епидемијата со коронавирусот и  не се знае кога и дали ќе продолжи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ливерпул во моментов има 25 бода предност, но судбината на „црвените“ би можела да зависи од останатите 19 екипи во Премиерлигата. Управата на првенството се консултира со екипите за да најде решение за крај на сезоната, ако таа не може да продолжи во нормални услови.

Една од опциите ќе биде да заврши првенството според сегашната табела, за таа одлука ќе гласа сигурно Ливерпул, но за тоа им требаат уште гласови на 13 екипи.

Дури 14 од 20 тимови во Премиерлигата мора да гласаат за завршување на сезоната според сегашниот пласман, а доколку тоа не се случи, ќе треба да се разгледаат други опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луда бројка: Еве колку заработил Ѓоковиќ во кариерата само од тенисот!

Новак Ѓоковиќ е без сомнение меѓу најуспешните тенисери на сите времиња. Ова го потврдува …