Aдриен Рабио не играше фудбал во ПСЖ половина година бидејќи одби да го продолжи договорот, а сега медиумите најавуваат изненадувачки расплет на ситуацијата.
Рабио ја налути управата на ПСЖ и беше отстранет од тимот до истекот на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на 24 годишниот фудбалер истекува овој месец, но во меѓувреме неговиот трансфер во Барселона кој изгледаше како завршена работа пропадна.
Следуваа потоа различни шпекулации каде Рабио би можел да ја продолжи кариерата. Се пишуваше дека не сака ниту да слушне за Тотенхем, за во последно време на големо да се поврзува со Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа изгледа од тоа нема да има ништо. Имено, сега се шпекулира дека после толку проблеми и неиграње половина година Рабио може да остане во ПСЖ!?
Француските медиум пренесуваат дека Рабио сега е го сменил мислењето и е спремен да го продолжи договорот, а ПСЖ ќе му ја исполни таа желба.
Наводно, тренерот Томас Тухел и газдата Ал Келаифи се спремни да ги „заборават“ проблемите и да започнат одново. Единствено спортскиот директор Ентеро Енрике бил против тоа да му се пружи рака на Рабио. Меѓутоа тој е пред заминување, па ќе нема некоја препрека за помирување помеѓу ПСЖ и Рабио.
Звучи неверојатно после се што се случуваше, но останува времето да покаже дали ќе видиме ваков пресврт.