Дома Трансфер зона Започнаа проблемите за Челзи – петмина фудбалери ќе бидат слободни да заминат!

Започнаа проблемите за Челзи – петмина фудбалери ќе бидат слободни да заминат!

Европскиот шампион Челзи ќе остане без пет ѕвезди од актуелниот тим откако Велика Британиај воведе санкции кон Роман Абрамович и ја запре продажбата на клубот.

Поради санкциите Челзи не може да продава билети, затворени се фан-шоповите, а не може ниту да ангажира или да продолжува договори. Со тоа премиерлигашот е ставен во навистина тешка позиција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во овој момент пет фудбалери на Челкзи се слободни, Челзи водеше преговори со сите пет, меѓутоа сега тие ќе бидат слободни да си заминат на крајот на сезоната. Санцкиите и одат во прилог на Барселона која е блиску до ангажман на Цезар Аспиликуета и Андрес Кристијансен.

Рудигер подолго време преговараше, но до договор не дојде поради разликата во плата која ја нуди Челзи и која ја бара Германецот. Слободен да си замине ќе биде и Саул Нигез кој ќе се врати во Атлетико. Петтиот фудбалер што може да си замине е Чарли-Мусонда.

Уште поголем проблем за Челзи од заминувањата кои некои и онака беа извесни е што нема да може да доведе замени за нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…