Дома Трансфер зона Занети: Во моментов во Интер нема место за Дибала

Занети: Во моментов во Интер нема место за Дибала

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети призна дека клубот е заинтересиран за Пауло Дибала, но во моментов нема место за него во тимот.

Интер има пет напаѓачи и доколку не замине никој „нероаѕурите“ нема да можат да го ангажираат Аргентинецот.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Како што директорот Марота веќе кажа, Дибала е опција за нас бидејќи е слободен агент. Меѓутоа во моментов ние ги имаме Лаутаро, Лукаку, Џеко, Кореа и Санчез. Подготовките ги започнавме со пет напаѓачи, но работите можат да се променат. Засега нема место за нов напаѓач“, изјави Занети.

Иднината на Дибала се уште останува нејасна, па медиумите тврдат дека Интер најпрво треба да се ослободи од Санчез и Џеко за да може да потпише со Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…