Дома Останати Кошарка Закажан спектакл: Србија ќе игра против САД пред Олимписките игри

Закажан спектакл: Србија ќе игра против САД пред Олимписките игри

Летото кое следи ќе биде преполно со елитна кошарка бидејќи во јули во Париз започнуваат Олимписките игри. Еден месец претходно на програмата се квалификациите за најголемиот спортски настан.

Претходно се планирани повеќе пријателски натпревари кои ќе служат како подготовка за селекциите кои настапуваат.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сега селекторот на Србија Светислав Пешиќ откри дека Србија ќе игра САД во Абу Даби.

„Би требало да одиме на турнир во Абу Даби и таму ќе играме прво со Австралија, па со САД. Условите кои ни ги понудија се фантастични и нашиот сојуз треба само да потврди. Турнирот во Абу Даби е закажан од 15-ти до 17-ти јули. Претходно ќе игра против Франција на 12-ти јули на последниот натпревар на Тони Паркер“, изјави Пешиќ.

Американците откако потфрлија на Светското првенство најавија дека на Олимписките игри ќе допатуваат во најсилен состав, а исто така и Јокиќ би требало да игра за Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…