Дома Топ вести Закажан состанок – Валверде сака две засилувања, првата МЕТА добро позната!

Закажан состанок – Валверде сака две засилувања, првата МЕТА добро позната!

Валверде беше јасен следната недела би можеле да го добиеме расплетот. Постои ли ветување…

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, следната недела е закажан состанок помеѓу Ливерпул и Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Погодувате, темата е Кутињо, Киа Јобачијан, познатиот агент ќе се обиде да постигне договор, но првата понуда веројатно ќе биде одбиена. Премногу е ниска, 80 милиони евра плус 30 како бонуси.

Се шпекулира дека Кутињо има некој вид на ветување дека Ливерпул ќе го пушти во Барселона. Каталонците немаат пари за некоја астрономска понуда, евентуално би можеле да го вклучат и Андре Гомеш, но за сега такво нешто не е потврдено.

Она што е сигурно е дека Валверде бара од управата да доведе еден или двајца фудбалери во текот на јануарскиот преоден рок. Пако Алкасер сигурно заминува, а по неговите стапки би требало да тргне и Арда Туран.

Кутињо е прва опција, кога е одбраната во прашање Колумбиецот Мина на лето ќе пристигне во Барселона. Валверде смета дека пролетта не е време навикнување на европскиот фудбал. Од централните дефанзивци тој го посакува Лихт од Ајакс, момчето кое експлодираше оваа сезона, има само 18 години, а веќе стана и холандски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…