Дома Трансфер зона Закажана средба Раиола – Јунајтед: Се одлучува судбината на Погба

Закажана средба Раиола – Јунајтед: Се одлучува судбината на Погба

Агентот на Пол Погба, Мино Раиола, ќе се сретне со раководството на Манчестер Јунајтед во ноември, а на средбата ќе се одлучува за иднината на Пол Погба.

Не е тајна дека Французинот е во затегнати односи со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо и не е исклучено во јануари да направи голем трансфер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак зависи од иднината на Мурињо, кој не е сигурен за функцијата поради незадоволителните резултати на тимот.

Токму тоа е причината поради која Раиола ја одложил средбата за еден месец, бидејќи смета дека до ноември Мурињо ќе добие отказ од „Олд Трафорд“.

Токму поради неговата желба да се премине во Барселона, Мурињо му ја одзеде привилегијата да биде втор капитен на Јунајтед.

Според новите правила на УЕФА, Погба ќе може да игра за друг тим во Лигата на шампионите доколку дојде до трансфер во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…