Eкипата на Рома минатата сезона беше едно од најголемите изненадувања во Лигата на шампионите каде што стигна до полуфиналето. Оваа сезона е Рома не е на тоа ниво и ја чека тешка битка до крајот за да обезбеди место најелитното европско натпреварување и наредната сезона.
Сега се влегува во завршницата од сезоната и во овој дел секој натпревар може на крајот да се покаже како клучен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се со цел да избегнат проблем од Рома на фудбалерите им ја поставија веројатно најбизарната забрана во историјата на фудбалот. Не станува збор ниту за некаков карантин, забарана за користење социјални мрежи, ниту за забавување со девојки…Во прашање не е ништо такво.
Играчите на Рома не смеат да се фотографираат со канадскиот рапер Дрејк.
Зошто? Носи несреќа! Дека е така се покажа во неколку ситуации оваа сезона.
Последни тимови кои беа „жртва“ на Дрејк се Арсенал и Борусија Дортмунд. Пјер Емерик Обамејанг и Џејдон Санчо се фотографираа со овој рапер, а потоа Арсенал изгуби, додека Борусија доживеа дебакл од Баерн во дербито кое можеби беше одлучувачко за титулата.
Како што е очигледно во таборот на Рома се малку повеќе суеверни и не сакаат ништо да препуштат на случајноста.
„Сите играчи на Рома добиваат забарана за фотографирање со Дреј“, стои во пораката на Твитер профилот на Рома.
All Roma players banned from taking photos with Drake until the end of the season
— AS Roma English (@ASRomaEN) April 15, 2019