Дома Фудбал Англија Жоржињо ја одби понудата од Челзи

Жоржињо ја одби понудата од Челзи

Раководството на Челзи започна преговори за продолжување на соработката со Жоржињо, чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Меѓутоа, медиумите пренесуваат дека Жоржињо не е задоволен од понудата на „сините“ и веднаш ја одбил.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


30-годишниот италијански репрезентативец сака подолг договор, додека Челзи му нуди двегодишен договор. Притоа Жоржињо бара поголема плата од 120.000 неделно, колку што заработува во моментов.

Поради тоа големи се шансите тој на лето да си замине како слободен агент, а најсилен интерес за него покажуваат Барселона и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Газда на фудбалски клуб од соседството си го одзеде животот (Видео)

Бугарскиот бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб Поморје, Христо Бургазлиев (57), си …