Дома Фудбал Англија Жоргињо открива што Маурицио Сари не прави никогаш за време на еден натпревар

Жоргињо открива што Маурицио Сари не прави никогаш за време на еден натпревар

Маурицио Сари е навистина необичен тренер и во Англија го обожаваат, токму затоа што „не е како другите“.

Италијанскиот стратег го превзема Челзи минатото лето и од овој клуб направи машина која е тешко да се запре. Фудбалот на Сари се основа на кратки и чести пасови, за врз проток на топка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Жоргињо кој со Сари соработуваше и во Наполи за медиумите откри интересна работа поврзана со Италијанецот.

„Многу е лесно да го разберете. Тој нема тајни, едноставен човек е, но има свои убедувања и суеверија. Пример, никогаш за време на натпреварот не ја допира топката. Дури и кога губиме, тој нема да ја земе топката и да ни ја додаде. Нема шанси да го направи тоа, бега од неа“, откри Жоржињо.

Сари очигледно верува во нешто „посилно“, па така и своето претставување кое требаше да биде на петок 13-ти го одложи за еден ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо од „спасот“ во јануари: Аморим донесе одлука околу судбината на ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Се зборува многу за тоа дали Рубен Аморим ќе одлучи да врати еден фудбалер во јануари во с…