Дома Фудбал Жорге Мендеш: Роналдо ако играше во Реал ќе ја добиеше „Златната топка“

Жорге Мендеш: Роналдо ако играше во Реал ќе ја добиеше „Златната топка“

Агентот на Кристиано Роналдо, Жирге Мендеш категорично тврди дека напаѓачот на Јувентус заслужил да ја освои Златната топка за минатата година.

Мендеш тврди дека ако Кристиано играл во Реал Мадрид сигурно ќе ја добиел Златната топка“, која минатата година заврши во рацете на Лука  Модриќ.

„Кристиано заслужуваше да ја добие Златната топка барем еднаш во изминатите две години. Ако играше во Реал сигурно ќе ја освоеше, но сметам дека следната година сигурно може да ја освои. За мене е неправедно Златната топка да му биде доделена на Меси. Роналдо триумфираше во Лигата на нации и стана шампион со Јувентус. Меѓутоа, знае што треба да направи за да ја добие следната година“,смета Мендеш.

„За мене Кристиано е најдобриот фудбалер во историјата. Пред него Португалија никогаш не освоила ништо, со него го освои Европското првенство и Лигата на нации. Тој едноставно го промени светскиот фудбал“, додаде Мендеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сениорските минути во Работнички се следниот тест за Марко Стефановски

Деветнаесетгодишниот офанзивец го гради својот пат во првиот тим на Работнички, со младинс…