Дома Фудбал Германија Жолто славје среде Минхен – Баерн загуби уште еден трофеј!

Жолто славје среде Минхен – Баерн загуби уште еден трофеј!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд, со пресврт, славеа во Минхен против Баерн 3:2 и се пласираа во финалето на германскиот Куп.

Баерн имаше предност по првото полувреме, но екипата од Дортмунд, предводена од Дембеле, со два гола обезбеди ново финале во националниот Куп.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Младиот Французин Дембеле му асистирапе на Ројс кој го постигна првиот гол на натпреварот, но Баерн по првиот дел имаше предност од 2:1, откако Бирки го совалдаа Хави Мартинез и Хумелс.

Во второто полувреме, Дембеле запиша нова аситенција, кога Обамејанг израмни на 2:2, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците поставувајќи ги конечните 2:3.

Борусија во финалето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, кој во вторникот дури по изведувањето на пенали ја совлада Борусија Мнхенгладбах.

Финалниот меч ќе се одигра во Берлин на 27.мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер сити на специјално барање на Гвардиола оди по фудбалер на Реал Мадрид

Манчестер Сити сака да го доведе 24-годишниот бразилски напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. П…