Францускиот напаѓач Оливие Жиру сака да остави трага на Мундијалот во Русија.
Новиот напаѓач на Челси, Оливие Жиру, наведува дека Арсенал го напуштил после разговорот со селекторот на Франција, Дидие Дешам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После доаѓањето на Александар Лаказет, како и најновото засилување во нападот Пјер-Емерик Обамејанг, Жиру падна во втор план, па поради тоа промената на средината беше логичен потег.
Челси можеби и во овој момент е една од најдобрите опции за Французинот со оглед на заминувањето на Батшуаи и повредата на Мората.
Жиру откри дека разговарал и со Дешам неколку дена пред затворањето на зимскиот преоден рок и дека селекторот на Франција му препорачал промена на средината, но му дал конкретен предлог.
„Ова веројатно ќе биде последното Светско првенство, поради тоа сакам да дадам се од себе за да бидам максимално спремен“, изјави Жиру.
Да потсетиме, за најновото засилување Челси плати 18 милиони фунти, а своето деби во новиот дрес Жиру веројатно ќе го има во вечерашниот натпревар против Вотфорд.