Белгиецот Еден Азар прерано се пензионираше, а откако го направи тоа неодамна си ја отвори душата и призна дека не сакал премногу да тренира и уживал во храната и пиењето алкохол во друштво.
Работите за кои зборуваше Азар не се поклопуваат со животот кој треба да го живее еден професионален фудбалер, па од денешна гледна точка јасно е зошто и не успеа да направи поголема кариера.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По тоа интервју на Азар (ТУКА) се огласи француската легенда Кристоф Дугари. Французинот го обвини Азар и го праша зошто тоа не го кажал пред да потпише милионски договор.
„Лесно му е денес да зборува за тоа, но ако веќе живееле така, тоа требаше да го каже претходно, пред да потпише милионски договор. Им кажал ли на соиграчите и тренерот дека ќе пие и дека не му се трча на тренинзите? Фудбалот е професионал тимски спорт.
Ваквото негово признавање е срамно. Азар беше одличен фудбалер, но по ова жал ми е за навивачите кои плаќаа да го гледаат, а тој ден порано бил пијан и прејаден. Неговото интервју е срам за фудбалот. Ако сакаш да си храбар, тоа треба да го направиш во вистински момент“, изјави Дугари.