Дома Фудбал Останато Женската фудбалска репрезентација на силен турнир во Турција

Женската фудбалска репрезентација на силен турнир во Турција

Женската А репрезентација на Македонија во периодот од 15 до 21 февруари ќе биде учесник на меѓународниот контролен турнир што ќе се одржи во Аланија, Турција.

На „Turkish cup Alanya  2023″ покрај нашата селекција учество ќе земат и репрезентациите на Замбија, Бугарија и Естонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот дуел го играме против Замбија на 15 февруари, три дена подоцна силите ќе ги одмери со Бугарија. Последниот натпревар го играме против Естонија на 21 февруари.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова, Лина Самарџиевска, Теа Драганова;

Одбрана: Даниела Велеска, Елена Панеска, Павлинка Николовска, Христина Јошевска, Елена Петровска, Ана Милчевска, Александра Јовановска;

Среден ред: Теа Божиновска, Наташа Андонова, Елма Шемсовиќ, Ленче Андреевска, Мила Талевска, Александра Марковска, Хава Мустафа;

Напад: Гентијана Рочи, Бојана Петкова, Јилза Максути, Радица Чонева, Кристина Петрушевска, Јулија Живиќ;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…