Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Ждреб за ЕП 2020: Македонија може да игра во „Групата на смртта“

Ждреб за ЕП 2020: Македонија може да игра во „Групата на смртта“

Во Букурешт денес се одржа ждребот за групите за престојното Европско првенство 2020.

Иако Македонија нема изборено пласман на Европското првенство, сепак нашата репрезентација како потенцијален учесник се најде во четвртиот шешир.Македонија во март ќе игра со Косово во полуфиналето, а потоа потенцијално финале со Грузија или Белорусија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ждребот ја смести Македонија во Групата Ц заедно со Холандија, Украина и Австрија, но доколку Романија обезбеди пласмнат таа автоматски ќе биде во оваа група.

Тогаш Македонија би играла во Групата Ф која е вистинска група на смртта со три поранешни и актуелниот европски шампион, Германија, Франција и Португалија.

Четврт шешир: Велс, Финска, победник во плеј-офот во А-лигата (Исланд, Бугарија, Унгарија, Романија), победник во плеј-офот во Б-лигата (БиХ, Словачка, Р. Ирска, С. Ирска), победник на Лига нација Ц (Србија, Шкотска, Норвешка, Израел), победник во Лигата на нации Д (Грузија,  Македонија, Косово, Белорусија)

Секоја група ќе има два града домаќини – натпреварите од групата А ќе се играат во Рим и Баку, домаќини на групата Б ќе бидат Копенхаген и Санкт Петербург, на група Ц, Амстердам и Букурешт, на група Д, Лондон и Глазгов, на група Е, Билбао и Даблин и на група Ф, Минхен и Будимпешта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…