Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Куинтон Фортун наведе бизарна причина поради која Роналдињо одбил да премине на „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот кој со години ја воодушевуваше фудбалската јавност со настапите во Барселона можеше да заврши во Манчестер, но тој трансфер никогаш не се случи. Да звучи уште поневеројатно, времето е причината поради која Бразилецот ги одбил „црвените ѓаволи“.
„Кога Роналдињо доаѓаше на преговори, времето беше очајно. Иако беше лето, врнеше дожд и беше тмурно. Манчестер сам по себе не е премногу убав град и на Роналдињо сета таа атмосфера не му се допадна. Да го доведа ден порано или подоцна мислам дека се ќе беше поинаку“, изјави Фортун.
Славниот Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, потоа настапуваше за ПСЖ, Барса, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Куертаро, Фламиненсе… Во дресот на Бразил три настапи му недостасуваа да стигне до бројката од 100, а успеа да постигне 33 погодоци.