Вицешампионот на Македонија денес објави дека се продолжени договорите на Гоце Ојлекси и Никола Маркоски.
Двајцата ракометари потпишаа договор според кој ќе останат во клубот најмалку до јуни 2022 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ги продолжи договорите со ракометарите Гоце Ојлески и Никола Маркоски. Двајцата се обврзаа на верност на уште една сезона и според новиот договор ќе останат во Битола најмалку до јуни 2022 година. Ојлески во клубот дојде во Одорхеи во 2017 година, а Маркоски од Орошази во 2018 година“, стои во соопштението.