Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер ги објави цените на билетите: Сезонските по 5.500 и 6.500 денари, за ЛШ поединечни по 450 и 550

Еурофарм Пелистер ги објави цените на билетите: Сезонските по 5.500 и 6.500 денари, за ЛШ поединечни по 450 и 550

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес ги објави цените за билетите и начинот на кој навивачите ќе може да ги купуваат.

„Во пресрет на отпочнувањето на новата ракометна сезона 2023/24 дозволете да ве известиме за деталите поврзани со билетите за натпреварите на нашите две екипи во домашното првенство, Лигата на шампионите и СЕХА лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Цените на сезонски билети за натпреварувачката 2023/24 година за сите натпревари во сите натпреварувања на нашите две екипи ќе изнесуваат:

6.500 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина)
5.500 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина)

Што добивате со сезонскиот билет ?

Ваше загарантирано место и присуство на сите натпревари во сите натпревари на домашен терен на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.

На сите натпревари влегувате на посебен влез без гужви и чекање.

Станувате дел од клубот на лојални подржувачи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 и добивате можност за 10% попуст при купување на производи од Фан-продавницата на клубот.

Добивате плакета „Наш лојален поддржувач“ со фотографија и потпис од сите играчи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.

Како до сезонски билет ?

Порталот за е-продажба на билети на РК Еурофарм Пелистер ќе биде отворен на 4 септември.2023 година во 19:00 часот. На порталот ќе може преку реализација на електронска трансакција директно да го купите вашиот сезонски билет или преку апликацијата „Сезонска карта со Шпаркасе банка“ да го резервирате вашиот билет за период од 48 часа.

Шпаркасе Банка, како наш верен подржувач и спонзор, оваа година ќе даде и огромна поддршка во купувањето на сезонските билети, односно ќе овозможи сумата од 6.500 и 5.500 денари да се плаќа на ДЕВЕТ еднакви месечни рати без камата.

За таа цел: после резервацијата на вашиот билет (дефинирани ред и седиште) на е-порталот на РК Еурофарм Пелистер за купување билети, во наредните 48 часа ќе треба да отидете во експозитура на Шпаркасе Банка каде ќе треба да отворите сметка (доколку не поседувате активна во банката) и траен налог на најмногу девет месеци. После завршување на оваа процедура од страна на банката ќе добиете потврда за активиран траен налог и со истата потоа ќе може да ја подигнете вашата сезонска карта од клубот. Во случај еден клиент да нема уплата од два последователни месеци од трансакциската сметка, трајниот налог се активира, а билетот ќе се деактивира.

Цена на поединечните билети за натпреварувачката сезона 2023/24 година за натпреварите во Лигата на шампиони ќе изнесува:

550 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина)
450 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина)

Цена на поединечните билети за натпреварувачката сезона 2023/24 година за натпреварите во домашното првенство ќе изнесуваат:

Од 120 до 250 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина)
Од 100 до 180 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина)“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок. Кол…